Завојуваните страни во Јемен објавија дека ќе го почитуват примирјето

Од:

Коалицијата на арапските, сунитски држави, предводени од Саудиска Арабија кои ги подржуваат јеменските владини сили, како и бунтовничките, шиитски хути кои се поддржани од Иран, соопштија дека ќе го почитуваат примирјето, што под посредништво на ОН, стапи во сила од ноќеска, на полноќ.

Двете завојувани страни, меѓутоа, предупредија дека го задржуваат правото да реагираат и одговорат, доколку другата страна нападне.

Според одредбите за примирјето, во текот на овој месец, во Кувајт треба да започнат преговори за завршување на конфликтот во Јемен.

Повеќе од шест илјади лица се убиени, а над два милиони се раселени во оваа земја, во непријателствата што траат повеќе од една година.

Севернојеменските, шиитски муслимани, познати како хути, го подржуваат поранешниот претседател на земјата, Али Абдула Салех.

Во борбите, нивните борци успеаја да ги освојат северните делови од Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана, како и широк појас од западниот дел на земјата и да ја протераат владата на актуелниот претседател Абдрабух Мансур Хади.

Силите кои му се лојални на Хади, се потиснати во пет провинции на југот на Јемен претворајќи го пристаништето Аден за ново седиште на владата.

Такавата ситуација се одржува со помош на саудиските трупи и воента авијација на Саудиска Арабија, која се противи земјата да се најде под целосна контрола на шиитските Хути, затоа што тоа, според толкувањата на Ријад, би значело , под контрола на Иран.

Претседателот Хади кој ја има и поддршката на меѓународната заедница, изјави претходно дека ке учествува во преговорите во Кувајт, но тој инсистира бунтовничките сили да ги напуштат освоените територии.

Хутите го почнаа бунтот, обвинувајќи ја владата на Хади за корупција, но тие силно се спротивставуваат на планираната федерализација на Јемен, тврдејќи дека според тој план, шиитските Хути би биле маргинализирани.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа