Суд во Египет денеска осуди 78 малолетници на затворски казни од две до пет години, бидејќи учествувале во протести на кои се барало повторно враќање на власт на соборениот претседател Мохамед Морси.
Според судски извори, 78 момчиња, на возраст меѓу 13 и 17 години, биле осудени пред судот во Александрија бидејќи учествувале во протестите, одржани во претходните три месеци, организирани од забранетото Муслиманско братство.
Во декември минатата година, Владата во Каиро го прогласи Муслиманско братство за терористичка организација.
По соборувањето на Морси од власт, Владата започна пресметка со неговите приврзаници, а во судирите загинале 1.400 луѓе, додека 15.000 завршиле во затвор.