Затвореникот Икс оддавал тајни на Мосад за австралиското разузнавање

Од:

Наводниот агент на Мосад со двојно жителство Бен Зајгер бил уапсен од израелската разузнавачка служба бидејќи оддал доверливи информации со австралиското разузнавање, јави ДПА повикувајќи се на австралиската телевизија Еј-Би-Си.

Зајгер (34) беше пронајден обесен во келијата во декември 2010 година, по 10 месеци минати во изолација.

Минатата недела Еј-Би-Си откри дека Зајгер е мистериозниот „затвореник Икс“ приведен со мотив дека е опасност за националната безбедност на Израел во затворот Ајалон.

Според извори на телевизијата, Зајгер бил еден од тројцата австралиски евреи кои ги смениле неколкупати своите имиња за да извадат нови пасоши со кои патувале на Блискиот исток и Европа работејќи за Мосад. Зајгер се сретнал со агенти на австралискотото разузнавање и им открил операции на Мосад, меѓу кои и за планови за тајна мисија во Италија. Зајгер, син на еврејско семејство од Мелбурн, служел во израелската армија.

Би можело да ве интересира

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

А1он