Затворена членка на руската феминистичка панк група Пуси Риот, Надежда Толоконикова е хоспитализирана за целосен систематски преглед поради главоболки и болки од преголема работа во затворот, кој е познат по тешките услови, изјавија нејзината адвокатка, Ирина Крунова и нејзиниот бенд.
Толоконикова е затворена на две години поради безбожниот протест против претседателот Владимир Путин во главната катедрала во Москва.
Не и дозволуваат да се одмори, а работи скоро цел ден и цела ноќ. Таа рече дека се чувствува изморено, премногу истоштено, рече Јекатерина Самутсевич, членка на Пуси Риот, за телевизискиот канал Реин.
Толоконикова работа на машина за шиење, како и повеќето затвореничи во руските затвори. Таа, минатата недела во интервју за весник рекла дека прстите и биле прободени од иглите, но стекнала искуство и брзина и сега може да пораби 320 јакни на ден. Како и сите затвореници, се бања еднаш неделно и со ладна вода се заплакнува остатокот од неделата.