Застрелано девојчето од Пакистан кое застапува школување на женските деца

Од:

Мингора, Пакистан – Вооружен маж денеска пришол до школскиот автобус во пакистанскиот град Мингора и ја ранил со огнено оружје 14-годишната активистка позната по нејзината посветеност за школување на девојчињата и зборувањето за Талибанските злодела, соопштија официјални претставници.

Цел на нападот била 14-годишната Малала Јусуфзаи, која е широко почитувана поради работата на промовирање на Школувањето на женските деца – на што силно се противат Талибанците. Минатата година таа беше номинирана за Меѓународна детска награда за мир.

Во моментот кога автобусот се спремал да го напушти училиштето, му пришол маж со брада и прашал кое девојче е Малала, рече шефот на градската полицијата Расул Шах.

Друго девојче покажало на Малала, но активистката одрекла дека е таа и напаѓачот ги застрелал двете, рече Шах.

Малала е застрелана двапати – во главата и во вратот – но раните не се опасни по живот, изјави Тарек Мохамед, лекар во главната болница во Мингори. Состојбата на другото девојче е стабилна, рече тој.

Никој до сега не ја презеде одговорноста за нападот. На Малали и на нејзиното семејство Талибанците веќе и се закануваа, поради нејзиниот активизам.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица