Засилени полициски контроли на лица со „имигрантски изглед“ во Шведска

Од:

Преку 90 отсто од лицата кои минале низ идентификациските контроли што полицијата ги направила во февруари годинава во регионот на Стокхолм, имале право легално да престојуваат во Шведска.

Како што јави допсиникот на МИА од Гетеборг, експертите се критични со оглед на тоа дека толку многу недолжни лица се погодени од ваквите мерки на надлежните органи.

– Мора да постои основана причина за да се верува дека некој нема дозвола за престој во земјата. Шведска не сака луѓето да бидат контролирани затоа што имаат „имигрантски изглед“, вели Симон Андерсон, доктор по управно право и експерт во оваа област.

Полициски извори велат дека не може да се гарантира дека никој нема да биде контролиран само врз основа на физичкиот изглед и јазикот кој го зборува, но дека сепак е неопходно да се анализира работењето на полицијата и да се утврдат евентуалните грешки во примената на методите.

Според весникот „Метро“, во Стокхолм во јануари биле извршени 716 контроли на идентификациските документи, при што во 670 случаи сомневањата се покажале како погрешни.

Би можело да ве интересира

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро