„Децентрализираните политики за успешна интеграција на мигрантите“ ќе бидат главна тема на двете заседанија на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа (КЛРВСЕ) во 2017 година, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Во тој контекст во рамки на пролетната, 32, по ред сесија на Конгресот, што од денеска до четврток се одржува во Стразбур ќе се води дебата за улогата на локалните власти во справувањето со миграцијата, за приемот на непридружувани деца мигранти и за состојбата во пограничните области изложени на мигрантски прилив.
Се очекува членовите на Конгресот во текот на пролетното заседание да усвојат листа на критериуми за превенција од злоупотреба на административните ресурси во изборниот процес на локално и регионално ниво, како дела од патоказотот за борба против корупцијата на локално ниво.
На дневниот ред на заседанието се и тематски дискусии за учеството на граѓаните во носењето одлуки на локлано ниво, пристапот до работни места за младите, слободниот пристап до податоци, почитувањето на човековите права на локално и регионално ниво и борбата борат дискриминацијата на Ромите.
Во рамки на Јужномедитеранското партнерство, Конгресот ќе биде домаќин на делегации од Мароко и Тунис.
На оваа седница ќе се одбележи и 10-годишнината од прогласувањетпо на Европската недела на локална самоуправа, годишен паневропски настан координиран од страна на Конгресот од 2007 година. Годинава оваа иницијатива се одвива под мотото „Учество, консултации и ангажирање на граѓаните: Со цел демократијата да живее на локално ниво“.
Како дел од својата активност за следење на локалната демократија, Конгресот ќе ја разгледа состојбата со локалната и регионалната демократија во Финска, Малта, Естонија и Исланд, а ќе бид еразгледан и извештајот од мониторингот на локалните избори во Босна и Херцеговина од октомври 2016 година.
Членовите на Конгресот ќе го разгледаат и извештајот на нејзината Мисија во Турција во перидот од октомври до декември 2016 година. Се очекува во извештај за сосотјбата во оваа земја, посебно да се потенцира притворањето на демократски избраните градоначалници и именување на нивни заменици од страна на Владата.
Сесија ќе биде можност и да се направи преглед на спроведувањето на Европската повелба за локална самоуправа во 47-те земји членки на Советот на Европа.
Меѓу поканетите гости на заседанието, кои ќе се обратат пред преставиците на локалните и регионалните власти, ќе бидат генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс, министерот за надворешни работи на Кипар и претседавач со Комитетот на министри, Јоанис Касулидис, естонскиот министерот за јавна администрација Михаил Корб, исландскиот министер за транспорт и локалната администрација Јохан Гунарсон, министерот во кабинетот на португалскиот премиер Едуардо Кабрита, државниот секретар во финското Министерство за општини и реформи Јари Партнанен и малтешкиот парламентарен секретар за локалната власт Стефан Буонтемпо.