Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф денеска ги обвини САД дека Персискиот залив го претвориле во „кутија кибрит што е подготвена да се запали“.
Во интервју за телевизијата Ал Џазира Зариф кажа дека „водата во Перискиот залив е претесна“, па ќе стане помалку безбедна доколку странските воени бродови го зголемат своето присуство во него.
-Регионот стана кутија кибрит подготвена да се запали само затоа што САД и нејзините сојузници се закануваат со оружје, заклучи Зариф, пренесуваат британските медиуми.