Зариф: Санкциите врз Иран нема да ја променат политиката на неговата нуклеарна програма

Од:

Новиот ирански министер за надворешни работи изјави дека санкциите на Западот нема да го принудат Иран да ја промени политиката на својата нуклеарна програма.

Мохамад Џавад Зариф во интервју за иранската државна телевизија изјави дека во преговорите со светските сили новата Влада на претседателот Хасан Рохани нема да се откаже од правото на Иран да развива нуклеарна енергија за мирни цели.

Се очекува дека Зариф ќе преговара од иранска страна со петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија.

Сепак, тој самиот нагласи во интервјуто дека се уште не е донесена одлука кој ќе биде ирански главен преговарач.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он