Зариф: Иранските пратеници и научници може да воспостават врски со своите американски колеги

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф изјави дека иранските пратеници и научници може да изградат врски со своите американски колеги.

Зариф пред парламентарна комисија изјави дека овие врски можат да бидат воспоставени откако ќе бидат одобрени од иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи, кој го има последниот збор за сите државни прашања.

Според Зариф, некои американски конгресмени и научници покажале интерес за подобрување на врските со Иран.

Изјавата на Зариф се оценува како дел од напорите на Иран за затоплување на односите со САД, што ги потикна телефонскиот разговор на крајот од минатиот меец меѓу претседателите на двете земји.

Иран, исто така, соопшти дека „разгледува начини“ за обнова на директните летови до и од САД.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он