Запрено ширењето на шумските пожари во Колорадо

Од:

Пожарникари и војници на Националната гарда на САД успеаja да го спречат ширењето на огнот во Колорадо, каде веќе една недела беснеат најголемите шумски пожари во историјата на оваа американска сојузна државата.

Помош во борбата со огнената стихија дадоа и временските услови, откако заврна пороен дожд.

– Секоја капка дожд им помогна на пожарникарите во нивната тешка задача, истакна претставникот на локалната противпожарна служба Брендон Хемптон, додавајќи дека до четврток се планира ситуацијата да биде целосно ставена под контрола.

Моментно со пожарите, кои зафатија повеќе од 6,5 илјади хектари, се борат над илјада пожарникари и припаници на Националната гарда.

Огнот досега уништи 473 куќи, две лица загинаа, а повеќе од 40.000 луѓе беа евакуирани.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД