Запре испораката на руски гас за Европската унија преку Украина

Од:

Испорката на руски гас за земјите од ЕУ преку Украина беше прекината откако истече петгодишниот договор меѓу украинскиот оператор за транзит на гас Нафтогас и рускиот Гаспром.

Договорот за транзит низ Украина истече на полноќ, а од првиот ден од новата година Русија повеќе нема да испраќа гас преку таа рута за Европа. Киев веќе најави дека нема да го продолжи договорот, а рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека е предоцна да се потпише нов договор.

Во октомври, Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) предупреди дека прекинот на транзитот на руски гас преку Украина претставува „значаен извор на неизвесност пред овогодинешната зима на северната хемисфера“ и отвора прашања во снабдувањето со гас, пред се на земји без излез на море во Централна Европа, како што се Унгарија и Словачка.

„Во блиска иднина“ нивното снабдување нема да биде доведено во прашање благодарение на полните магацини, поврзаната гасна инфраструктура и „индиректниот“ пристап до светскиот пазар на ЛНГ, потенцираат тие.

Унгарија има намера да продолжи да купува гас од Русија, преку гасоводот Туркстрим, иако сакаше да ја зачува трасата низ Украина. Словачка, од друга страна, се закани дека ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија за Украина доколку не го продолжи договорот за транзит. Австрија најде други извори на снабдување, со остри критики на Германија поради надоместоците за складирање гас.

Според ИЕА, најранлива е Молдавија, која мора да соработува со регионалните и меѓународните партнери за да обезбеди гас во текот на зимата, предупреди ИЕА. Кишињев, пак, го очекува „тешка зима“, според претседателката Маја Санду, а размислува и за национализација на домашниот снабдувач Молдовагаз, кој е 50 отсто во сопственост на Газпром.

Загубата на евтиниот руски гас ја заглави европската економија, ја поттикна инфлацијата и ја влоши кризата на трошоците за живот, забележува Ројтерс. Конкурентноста на европските компании на светските пазари слабее, а германската индустрија умира. Главните снабдувачи со гас за Европа денес се компании од Норвешка, САД и Катар.

Норвешкиот гас е многу поскап во Европа отколку во САД, покажуваат деловните извештаи на енергетскиот гигант Equinor. Во третиот квартал, остварената цена на гасот во Европа беше 11,24 долари за милион британски термални единици (mmbtu), а во САД 1,66 долари, објави Equinor.

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден воведе мораториум за издавање дозволи за нови погони за течен природен гас, а САД воведоа санкции и за руската Гаспромбанка, што им го отежнува плаќањето на преостанатите клиенти.

Катар неодамна и се закани на Европската унија дека ќе ја прекине испораката доколку Брисел строго ги спроведе прописите за одговорен бизнис и заштита на животната средина. Доколку не се почитуваат, на компаниите со нето-промет поголем од 450 милиони евра им се заканува казна до пет отсто од светскиот приход.

„Тоа е неприфатливо“, рече катарскиот министер за енергија Саад ал-Каби во интервју за „Фајненшл тајмс“, објавено на 22 декември. „Ако можам да изгубам пет отсто од остварениот приход во Европа, тогаш нема да одам во Европа… Не блефирам“, рекол во разговорот катарскиот министер.

Руски Гаспром ја затвори 2023 година со загуба од седум милијарди долари и се обидува да ја надомести загубата на европскиот пазар со свртување кон Азија.

Според пресметките на Ројтерс, руската компанија годинава извезла 32 милијарди кубни метри гас преку гасоводи во Европа, 13,1 отсто повеќе од лани. Оваа година Русија би можела да заработи околу пет милијарди долари од извозот на гас во Европа преку Украина, според просечната прогноза на руската влада за цената на гасот од 339 долари за илјада кубни метри. Украина заработуваше 800 милиони долари годишно од транзитот на руски гас и најави значително повисока такса за внатрешен транзит.

Би можело да ве интересира

Русите влегоа во Петропавловка

Целосен колапс на украинската армија: Одбраната „пука“

ВИДЕО: Русија на Нова година го нападна Киев

Катерина Ѓуровски

Илон Маск: Зеленски, ти си најголемиот шампион за грабеж

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Напад со дронови на складиште за гориво во Русија

Зеленски збесна: „Путин му издаде наредба на словачкиот премиер да отвори нов фронт“

Катерина Ѓуровски