Започнува судењето на Строс Кан поради подведување

Од:

Доминик Строс Кан (65) поранешен директор на Меѓународниот монетарен фонд, денеска за прв пат ќе излезе пред судот во Лил, поради обвинение за подведување, пренесуваат медиумите.

Овој некогашен најугледен социјалистички кандидат за претседател на Франција е обвинет за организирање ланец на проституција во луксузниот хотел „Карлтон“ во градот Лил, кој се наоѓа во близина на границата со Белгија.

Неговата одбрана тврди дека е вистина дека тој учествувал во сексуалните забави во тој хотел, но дека не знаел дека присутните девојки се проститутки.

Инаку на судењето сведочела и една поранешна проститутка која изјавила дека за 900 евра ја ангажирал бизнисменот Давид Рок за да биде на една секс- журка токму со Строс Кан.

Долколку биде прогласен за виновен, Строс Кан би можело да се соочи со затворска казна од десет години и парична од 1,5 милиони евра.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски