Започнаа преговорите за Украина во Женева

Од:

Во Женева, Швајцарија, во тек се преговори за ситуацијата во Украина, соопшти швајцарскиот министер за надворешни работи Игнасио Касис.

Според него, овие преговори се водат во атмосфера на „максимална дискреција“. Сепак, тој не прецизираше детали од разговорот.

„Ние секогаш ги нудиме нашите добри услуги, но останува да се види што ќе направат двете страни, и Русија и Украина. Преговорите се водат во меѓународната Женева со најголема дискреција, иако тие не се водат на највисоко ниво во моментов“, изјави Инацио Касис за „Le Temps“.

Касис истакна дека претходно Украина побарала од Швајцарија да ги застапува нејзините интереси во Русија. Ова барање беше одбиено во Москва.

„Рускиот наратив е добро познат: тие објавија дека Швајцарија ја изгубила својата неутралност, но во исто време ја користи како неутрална земја“, рече Касис.

Утре се навршува точно една година од почетокот на „специјалната воена операција“ во Украина, како што ја нарекува руската страна, додека остатокот од светот едноставно го нарекува руски напад врз Украина.

Конечниот број на загинати и ранети во моментов е невозможно да се процени, како и воените загуби, бидејќи информативната војна исто така е во тек. Во претходните два дена светот го следеше говорот на американскиот претседател Џозеф Бајден, кој ненадејно замина во Киев, а ден подоцна и во Варшава, како и на рускиот претседател Владимир Путин.

Од првиот говор беше јасно дека Западот нема намера да дозволи Русија да победи во оваа војна, а од вториот говор дека Русија нема намера да ја прекине војната, за која вели дека не ја започнала, туку употребила вооружена сила за да ја спречи.

Во исто време, војната ги исцрпи оние кои и помагаат на Украина, па станува се појасно дека веќе не е можно да се произведе онолку муниција колку што и е потребна на Украина.

Исто така, војната замина и остава големи економски последици, најмногу за Европа, која зависеше од рускиот гас, а која сега ја нема поради воведените санкции кон Русија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите напредуваат, се поблиску до клучниот град

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО