Започна судењето на Доналд Трамп

Од:

Во Њујорк денеска почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за силување.

Писателот Е. Џин Керол го обвини во граѓанска тужба за силување во соблекувална на стоковна куќа во средината на 1990-тите.

Трамп ги нарече нејзините тврдења „лажни“ и „тотална измама“ во објавата од октомври 2022 година на неговата платформа „Вистина“. Тој додаде дека средбата со него ја измислила за да ги промовира своите мемоари во кои вели дека тој не е нејзин тип, пренесува Ројтерс.

Судењето се очекува да трае една до две недели. Неговите адвокати рекоа дека тој нема да сведочи, а адвокатите на Керол не планираат да го повикаат да сведочи.

Керол бара неодредена отштета, вклучително и компензација за голема болка и страдање, долгорочни психолошки ефекти и нарушување на нејзината приватност, изјавија нејзините адвокати.

Би можело да ве интересира

Трамп чувал доверлив документ за можен напад врз Иран

(ВИДЕО) Роберт де Ниро: Налудничаво е да се верува дека Трамп може да работи добро

Нов извештај за врските на Трамп со Русија: ФБИ никогаш немал вистински докази за да започне истрага

„Мe намами во кабина и ме силуваше“- сведоштво на жртвата на Трамп кој возврати: Не си мој тип

„Ме турна во кабината и ме силуваше“ – сведочеше поранешната колумнистка на судењето на Трамп

Трамп повторно на суд, се соочува со обвинувањето за силување