Започна церемонија за оддавање почит на Али Хамнеи – дојдоа делегации од речиси 100 земји

Од:

Во Техеран, во џамијата „Имам Хомеини“, започна церемонија за оддавање почит на убиениот ирански врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, а на настанот пристигнаа делегации од речиси 100 земји.

Хамнеи беше убиен на 86-годишна возраст во заеднички американско-израелски воздушен напад врз неговиот комплекс на 28 февруари – првиот ден од американско-израелската војна против Иран.

Според организаторите, церемонијата се одржува во молитвената сала на комплексот „Имам Хомеини“, каде што присуствуваат политички и верски личности, како и претставници на разни движења и организации од странство.

Ковчегот на Хамнеи, придружуван од неколку членови на неговото семејство, беше поставен во Големата џамија, еден од најголемите верски комплекси во Иран.

Оваа церемонија ќе претставува еден од најголемите јавни погреби во модерната историја и се очекува да го надмине погребот на поранешниот ирански врховен лидер, ајатолахот Рухолах Хомеини, од 1989 година, на кој присуствуваа околу 10 милиони луѓе.

Актуелниот ирански врховен лидер и син на Хамнеи – Моџтаба Хамнеи, нема да присуствува на погребот, изјави во четвртокот неговиот претставник во Индија.

Одлуката е донесена од безбедносни причини, по најновата закана од Израел за убиство на Моџтаба Хамнеи.

Иако погребот на Хамнеи првично беше закажан за март, тој беше одложен поради продолжувањето на војната против Иран.

Комеморациите во Техеран започнаа денес, а погребните церемонии и поворки ќе траат седум дена, при што се планирани верски служби во градови низ Иран и Ирак.

Би можело да ве интересира

Такер Карлсон: Убиството на Хамнеи е една од најглупавите одлуки на Америка

Погребан е врховниот лидер на Иран, ајатолахот Сејед Али Хамнеи

Милиони луѓе присуствуваат на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран

ВИДЕО: На погребот на Хамнеи, повик за убиство на Трамп: „Зошто е сè уште жив?“

Али Хамнеи ќе биде погребан на почетокот на јули

А1он

„Фајненшл тајмс“: Иранците преку техеранскиот „Сејф сити“ го извршија атентатот врз Хамнеи