Запленет накит вреден 230 милиони долари во истрагата против внукот на Назарбајев

Од:

Казахстанските Властите запленија скапоцени камења и накит вредни 230 милиони долари во рамки на случајот каде се терети и внукот на поранешниот претседател Нурсултан Назарбајев, информираше денеска Агенцијата за борба против корупција на Казахстан.

„По операциите за пребарување во странски земји, запленети се скапоцени камења и накит во вредност од над 230 милиони американски долари и вратени ѝ се на државата“, се наведува во соопштението.

Заплената е спроведена во рамки на истрагата што се води против бизнисменот Кајрат Сатибалди, внук на Назарбајев.

Сатибалди е уапсен во март и обвинет за проневера на пари од националниот телекомуникациски оператор, како и „други злосторства што ја нарушуваат безбедноста на државата“.

Станува збор за првиот уапсен член на семејството Назарбајеви. Во септември тој беше осуден на шест години затворска казна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

12 повредени во верижна сообраќајка на 95 возила

ВИДЕО: Путин му се извини на претседателот на Азербејџан за паднот на авионот, го нарече „трагичен инцидент“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија веројатно е одговорна за падот на авионот во Казахстан, тврди Белата куќа

Катерина Ѓуровски

Русите се огласија за авионската несреќа: Украина е виновна

Горан Наумовски

НАТО бара детална истрагата за падот на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“