Западот бара Русија да биде суспендирана од Интерпол

Од:

Неколку западни земји, вклучително и Велика Британија и САД го повикаа Интерпол да ја суспендира Русија од меѓународната организација, изјави британската министерка за внатрешни работи Прити Пател.

Велика Британија, САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд побараа „итно суспендирање на пристапот на Русија до нејзините системи“, објави Пател на Твитер. Групацијата побара од извршниот комитет на Интерпол да донесе одлука оваа недела.

„Постапките на Русија се директна закана за безбедноста на поединци и за меѓународната соработка за спроведување на законот“, додаде Пател.

Иако Пател не ја прецизираше причината за барањето, западните сојузници се обидуваат дипломатски и економски да ја изолираат Москва поради нејзината инвазија на источноевропскиот сосед Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски