Западниот Балкан и догодина ќе биде врвен приоритет за Европската Комисија

Од:

Европската комисија ја презентира денеска својата работна програма за 2021 пред Европскиот Парламент, а во делот на надворешната политика западниот Балкан останува на врвот на приоритетите.

ЕК секоја година ја најавува својата работна програма која ги содржи приоритетите на нејзиното работење во текот на претстојната година.

-Оваа Комисија стапи на функција со мандат да обезбеди посилна Европа во светот. Нашата геополитичка Комисија се бори да ги унапреди стратешките интереси и цели на ЕУ во странство и да брани меѓународен поредок заснован на правила и вредности во растечки поларизиран свет, стои во работната програма на Европската Комисија, што денес ја презентира потпретседателот Марош Шефчович пред европратениците.

За да обезбеди улога на стабилизатор во меѓународните односи, Европската Комисија смета дека ЕУ ќе треба, меѓу другото, да биде ефикасна во обезбедување сигурна, брза и ефикасна вакцина против Ковид-19 штом таа биде достапна, како и да го зајакне мултилатералниот глобален систем на владеење.

-Ќе продолжиме да им даваме целосен приоритет на нашето источно и јужно соседство, западниот Балкан и Африка, пишува во програмата на ЕК.

За оваа цел, потсетува Комисијата, одвоени се потребни средства преку инструментите за надворешна политика.

Комисијата исто така бара реформи во Светската здравствена организација и Светската трговска организација.

Би можело да ве интересира

ЕК: Македонија ќе ги добие средствата за пред-финансирање што е можно поскоро

Европската Комисија го осуди денешниот руски ракетен во Киев

Горан Наумовски

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Мерсие: ЕК работи на исплата на првите средства од Планот за раст на Западниот Балкан

Рокас: Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа

Горан Наумовски