Западни медиуми: Застрелана вицегувернерката на Мјанмар, не се знае дали е жива

Од:

Заменик гувернерката на Централната банка на Мјанмар, Тан Тан Шве, денеска е погодена со огнено оружје на прагот од нејзината куќа, а постојат спротивставени информации за тоа дали го преживеала нападот, објавија западни медиуми.

Тан Тан Шве била застрелана од двајца мажи откако ја отворила вратата од нејзиниот стан во Јангон, најголемиот град во земјата, потврди локален претставник.

Тој истакна дека вицегувернерката била пренесена во воена болница каде е констатирана нејзината смрт, но во извештајот на Радио Слободна Азија, поддржан од американската Влада, се наведува изјавата на воениот портпарол дека таа е хоспитализирана со сериозни повреди.

Засега не е познат идентитетот на вооружените напаѓачи, кои побегнале од местото на инцидентот.

Министерството за внатрешни работи во соопштение до медиумите потврди дека 55-годишната функционерка била нападната.

Тан Тан Шве е назначена за заменик гувернер неколку дена откако армијата во Мјанмар ја презеде власта на 1 февруари 2021 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска