Западен Брег: Израелските сили убија палестински тинејџер

Од:

Израелските сили убиле палестински тинејџер за време на рација денеска на окупираниот Западен Брег.

„Хамза Амџад ал Ашкар (17) бил застрелан во лицето од израелски војници во Наблус“, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесува Анадолија.

Во соопштението се додава дека бројот на убиени Палестинци од израелските сили годинава е зголемен на 42, а дека меѓу нив има девет деца и една постара жена.

Израелските сили постојано вршат рации на Наблус во потрага по членови на вооружена група позната како Лавовска дупка, која се појави на окупираниот Западен Брег минатата година.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху не се откажува од изборот на судии, Бајден: Неопходно е да се најде компромис

Ана Ололовска

Се сретнаа Шолц и Нетанјаху: „Безбедноста на Израел е германски национален интерес“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Еден од најголемите протести во историјата на Израел се одржа вчера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Терористички напад во Тел Авив: Три лица повредени

Горан Наумовски

Израел изврши воздушни напади врз Појасот Газа

Десет Палестинци убиени во израелска рација на Западниот Брег