Заман: Ал Каеда обучува деца во северна Сирија за самоубиствени напади

Од:

Терористичката група Исламска држава во Ирак и Леванта, која е поврзана со Ал Каеда, отворила училишта во северна Сирија, недалеку од границата со Турција, во кои обучува деца за бомбаши-самоубијци, објави турскиот весник Заман.

Органзиацијата дава материјална помош за Сиријците кои ќе ги испратат децата да бидат обучувани во тие школи. Исламска држава во Ирак и Леванта засилила влијание во северниот дел од Сирија, презела контрола над градот Азаз и отворила училишта во Алепо и Рака.

Во нив групата не само што распространува идеологија на Ал Каеда туку и обучува деца за самоубиствени напади.

Според Заман, Исламска држава во Ирак и Леванта има контрола врз нафтени извори во провинциите Рака и Дејр ал Зур и поради тоа се здобила со голем економски потенцијал за кусо време.

Би можело да ве интересира

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Лавров: Русија ќе бара безусловно укинување на сите санкции за Сирија

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати