Залужњи: Дојде време да го вратиме тоа што е наше

Од:

Врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни ги подгреа шпекулациите дека е неизбежна масовна контраофанзива против руските окупаторски сили, најавувајќи дека е време Украина да ги врати своите територии.

Дојде време да го вратиме она што е наше, напиша Залужњи на каналот Телеграм.

Според Си-Ен-Ен, текстот се појавува под видеото во должина од нешто повеќе од една минута, на кое се гледа како украинските сили тренираат на изгрејсонце.

Видеото покажува опрема обезбедена од Западот, вклучително и тенкови Леопард 2 од германско производство, кои се сметаат за една од клучните набавки на бојното поле на Украина во последните месеци, како и оклопни возила MRAP од американско производство, артилерија М777 и ракетни фрлачи ИМАРС.

Видеото завршува со војниците и нивниот командант кои пркосно извикуваат: „Украина, мојата татковина, Господи, нашиот небесен татко, благослови ја нашата одлучувачка офанзива, нашата света одмазда, нашата света победа“.

Би можело да ве интересира

Зеленски го назначи Залужни за нов амбасадор на неговата земја во Велика Британија

Горан Наумовски

Зеленски го прогласи Залужни за херој на Украина

Зеленски го смени генералот Валериј Залужни

Горан Наумовски

Министерството за одбрана на Украина ja демантира веста за смената на Залужни

Горан Наумовски

Залужни е разрешен од функцијата врховен командант на вооружените сили на Украина

Убиен соработникот на Валериј Залужни: Брутално ликвидиран пред очите на сопругата и ќерката