Заклучоци на Европскиот совет за бегалците

Од:

Како одговор на мигрантската криза со која се соочува ЕУ, целта мора да биде брзо запирање на приливот на бегалци, заштита на надворешните граници на ЕУ, намалување на илегалната имиграција и заштита на интегритетот на Шенген зоната, е главниот заклучок на Европскиот совет, кога станува збор за бегалците.

Меѓу останатите заклучоци, објавени на сајтот на Европскиот совет, по првиот ден на самитот на европските лидери во Брисел, посветен на мигрантската криза и останувањето на Британија во ЕУ, се наведува дека континуираниот нерегуларен прилив на мигранти долж западнобалканската рута останува сериозна причина за загриженост.

– Тоа налага натамошна акција и окончување на пропуштањата и некоординирани мерки по должина на таа рута, земајќи ги предвид хуманитарните последици по загрозените држави-членки, се наведува во заклучокот.

Исто така се констатира дека хуманитарната ситуација на мигрантите по должина на западнобалканската рута налага итна акција со користење на сите расположливи национални средства на ЕУ за да таа се ублажи.

– За таа цел Европскиот совет го смета за нужно сега ЕУ да поче да пружа хуманитарна помош интерно, во соработка со организации како што се УНЦХР, и да ги поддржува земјите кои се на удар на најголемиот прилив на бегалци и мигранти, се наведува во заклучоците.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он