Закани до Санду по забраната на воениот симбол „Z“ во Молдавија

Од:

Руски лидери остро реагираа на забраната на прорускиот воен симбол „Z“ во поранешната советска република, Молдавија, јави ДПА.

Рускиот сенатор Алексеј Пушков ѝ се закани на претседателката на Молдавија Маја Санду, дека нејзината земја може да заврши во „кантата на историјата“.

„Таа би требало да биде повнимателна околу Русија и нејзините симболи, уште повеќе затоа што Кишињев не може да плати за рускиот гас“, напиша Пушков на Телеграм.

Молдавија, која се наоѓа меѓу Украина и Романија, бара членство во Европската Унија. По руската инвазија на Украина, Кишињев за Киев испрати хуманитарна, но, не и воена помош. Во конфликтот, земјата се декларираше како неутрална и не учествува во санкциите воведени против Русија, потсетува ДПА.

Но, оваа недела, Кишињев ги забрани симболите „Z“ и „V“, употребувани во знак на поддршка за руските војници кои ја напаѓаат Украина, како и Георгиевската лента, што се смета за ознака на поддржувачите на рускиот претседател Владимир Путин, но и на проруските сепаратисти во Украина.

Санду ја оправда забраната, тврдејќи дека симболите го делат општеството. Според неа, нивното место е во „ѓубриштето на историјата“. Одговорот на Пушков се однесува на овој став. Сенаторот се смета за еден од најгласните поддржувачи на руската надворешна политика.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ