Патнички авион, што летал на релација од Берлин до египетското одморалиште Хуграда, принудно слета на аеродромот во Будимпешта, по добиената закана за поставена бомба во леталото.
Претставник на унгарската полиција соопшти дека непознато лице се јавило во авиокомпанијата сопственик на авионот и рекло дека во него има бомба.
Тој не прецизираше за која авиокомпанија станува збор,
Веднаш по слетувањето, патниците се евакуирани, а во тек е претрес на авионот.