Авионот на скандинавската компанија САС со 72 лица, што летал на линија Лондон-Стокхолм, пренасочен е денеска во Гетеборг, по закана со бомба, соопшти полицијата.
Портпаролот на полицијата Стефан Густафсон рече дека во тек е евaкуација на сите патници и членови на екипажот.
Авионот слетал на аеродромот Ландветер, на западниот брег на Шведска, а експертите за експлозивни направи се повикани да го прегледаат леталото.
Густафсон додаде дека заканата е упатена кон контролата на летање, додека авионот се наоѓал во воздух.