Захарова: Зеленски одбива мир и е опседнат со продолжување на војната

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон е „дипломатски неуспех“ за Киев.

Таа го обвини Зеленски дека одбива мир и оти е опседнат со продолжување на војната.

– Посетата беше целосен политички и дипломатски неуспех за режимот во Киев… Со своето безобразно грубо однесување за време на престојот во Вашингтон, Зеленски потврди дека е најопасната закана за меѓународната заедница како неодговорен воин, истакна Захарова.

Таа ги обвини европските лидери за „политичка слабост“ и „морална деградација“ за поддршката на Зеленски наспроти „моралната лекција“ што ја доби во Вашингтон.

Захарова повтори дека целите на Русија во Украина „остануваат непроменети“, имено „демилитаризација“ на земјата и „препознавање на постојните реалности на теренот“.

Русија бара Украина да отстапи четири региони на истокот и југот на земјата, покрај Крим, кој е анектиран во 2014 година и Киев да се откаже од амбициите за членство во НАТО.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија подготвува мерки во случај на кражба на имот во Европа

А1он

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Захарова: Младите луѓе во Украина масовно бегаат, не сакаат да бидат „топовско месо“

А1он

Москва: Киев ги прикрива своите злосторства со забрана за пристап до медиумите

Захарова ѝ се заканува на Европската унија

Захарова: ЕУ сака да ги попречи сите мировни напори пред средбата меѓу Путин и Трамп

А1он