Захарова: Западот направи се за да ги наруши руските претседателски избори

Од:

Непријателите на Русија од западните земји активно се обидоа да се мешаат во руските претседателски избори минатата година, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Нашите противници не се активираа пред една недела или еден месец. Ми се чини дека во изминатата година направија се за да ги нарушат претседателските избори, да спречат да се одржат или на различни начини да го искриват концептот на изборите“, рече Захарова, пренесува Тас.

Според неа, Западот организирал кампањи за дезинформација и ширење на влијание во сајбер-сферата: од објавување непријателски содржини до блокирање на апликациите на руските организации на дигиталните платформи, што е исто така многу сериозен елемент на странско мешање и обиди да се изврши влијание. Захарова го обвини Западот дека ги користи сите методи, вклучително и поткупената опозиција, која се покажа дека е составена од „агенти и платеници“.

„Но, ништо од тоа не му помогна на Западот. Нашата земја се консолидираше и претставува единствен ентитет. Дополнително, постигнато е единство наспроти очигледните закани и единство во решавањето на задачите со кои се соочуваме“, рече Захарова.

Би можело да ве интересира

Захарова: Нуклеарните технологии во рацете на Киев претставуваат закана за целиот свет

РИА Новости: Захарова ја обвини ЕУ за предавство на Украина

Горан Наумовски

Захарова му порача на Зеленски: Неонацистите во Курск ќе завршат два метри под земја

Москва не прифаќа привремен прекин на огнот во Украина

Горан Наумовски

Захарова: Главната задача на меѓународната заедница е да го спроведе договорот Хамас-Израел

Захарова: Зеленски да клекне пред својот народ и да се извини за злосторствата