Захарова: За американските напади врз Ирак и Сирија треба да се разговара во Советот за безбедност на ОН

Од:

Русија ги осуди американските воздушни напади во Ирак и Сирија и смета дека за ситуацијата треба да се разговара во Советот за безбедност на Обединетите нации, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Јасно е дека воздушните напади се намерно насочени кон дополнително разгорување на конфликтот.

„Со постојани напади, речиси без пауза, врз објектите на наводните проирански групи во Ирак и Сирија, САД намерно се обидуваат да ги вовлечат најголемите земји од регионот во конфликтот“, рече Захарова, пренесе Ројтерс.

САД започнаа воздушни напади во Ирак и Сирија врз повеќе од 85 цели за кои велат дека се поврзани со Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и нејзините милиции, наводно убивајќи повеќе од 40 луѓе, како одмазда за неодамнешниот напад врз американска база во Јордан, кога загинаа тројца американски војници.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Захарова: Украинските напади врз руски цивили докажуваат дека мирот не е на радарот на Киев

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Захарова: Русија очекува да се исполнат договорите постигнати со САД во Ријад

Захарова: Режимот во Киев напаѓа и тероризира цивили

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија