Захарова: Ватикан се извини поради коментарите на папата

Од:

Русија денеска соопшти дека добила извинување од Ватикан поради коментарите на папата Франциск минатиот месец дека руските војници од некои етнички малцински групи биле „најсурови“ борци во конфликтот во Украина.

На брифинг во Москва, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова рече дека Русија сега смета дека работата е завршена и се надева на конструктивен дијалог меѓу Русија и Ватикан.
Во интервју минатиот месец за списанието „Америка“, Фрaнциск зборуваше за, како што рече, суровоста на руските воени сили во Украина.

– Генерално, можеби најсурови се оние кои имаат руско потекло, но не се придржуваат до руската традиција, како Чеченците или Бурјатите. Во секој случај, напаѓачот е руската држава, тоа е сосема јасно, рече Франциск.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, коментарите на папата ги нарече „нехристијански“ и неразбирливи.

Светиот Отец во неколку наврати понуди посредништво на Ватикан за решавање на конфликтот, но поради неговата остра критика кон Русија, тоа е многу малку веројатно.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: Новинарот собирал строго доверливи информации

Горан Наумовски

Реакција на Русија за апсењето на Путин: Одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат влијание врз Русија

Горан Наумовски

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска

Захарова: Кој ја праша Србија во 2008 година за „независноста“ на Косово

Захарова: ЕУ ги игнорира разговорите за истрагите за „Северен тек“.

Финансиски колапс на Светата столица: Ватикан должи околу 4,8 милијарди евра