Захарова: Светот треба да го осуди нападот на Украина врз нуклеарната централа Запорожје

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека светската заедница треба да го осуди денешниот напад на Украина врз нуклеарната централа Запорожје.

„Светската заедница е должна да го препознае и да одговори на чинот на нуклеарен тероризам од режимот во Киев“, напиша Захарова на социјалната мрежа Телеграм, пренесува РИА.

Захарова праша „уште колку пати вооружените сили на Украина треба да ја нападнат нуклеарната централа Запорожје, за Западот и чудовиштето Зеленски, што тие го создадоа, да престанат да го повторуваат овој смртоносен чин“.

Би можело да ве интересира

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Захарова: Русија очекува да се исполнат договорите постигнати со САД во Ријад

Захарова: Режимот во Киев напаѓа и тероризира цивили

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Порака од Москва: Обидот за укинување на Српска ќе има сериозни последици

Горан Наумовски

Захарова: Нуклеарните технологии во рацете на Киев претставуваат закана за целиот свет