Захарова: Санкциите од ЕУ нема да останат без договор

Од:

Русија на адекватен начин ќе одговори на санкциите од Европска Унија поради случајот со опозиционерот Алексеј Навални и ситуацијата во Либија, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Таквите чекори нема да останат без наш соодветен одговор. Секако, не станува збор за каков било вистински доказ, истакна Захарова.

Претходно и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека новите санкции на Европска Унија кон Русија се непримерен непријателски чекор, во кој нема никаква логика.

– На наше големо жалење, ова е непримерен непријателски чекор кон Русија, истакна Песков.

Тој додаде дека Советот на ЕУ со таквата одлука наштетил на односите со Русија.

Советот на ЕУ соопшти дека од денеска стапува во сила дополнување на листата на санкции кон руските претставници за употреба на хемиско оружје. Санкциите беа воведени по труењето на Сергеј Скрипал во 2018 година, а денеска списокот се прошири поради обидот за атентат на опозиционерот Алексеј Навални.

На проширената листа се вклучува началникот на дирекцијата за внатрешна политика во претседателската администрација на Руската Федерација; првиот заменик началник на руската претседателска администрација; ополномоштен претставник на претседателот Владимир Путин во Сибир; директорот на Федералната служба за безбедност; двајца заменици министри за одбрана на Руската Федерација; Рускиот државен истражувачки институт за органска хемија и технологија.

За тие што се на листата предвидено е заплена на имот и забранет влез во ЕУ. На граѓаните и на организациите на ЕУ им е забрането да обезбедуваат средства за оние кои се опфатени со санкциите.

Би можело да ве интересира

Захарова: Пресудата на Ле Пен ја покажува агонијата на либералната демократија

А1он

Захарова: Ако странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

Захарова: Зеленски ја турна Украина во позиција на целосна зависност

А1он

Захарова за Стармер: Ме потсетува на клептоман педофил кој сака да се вработи во детска градинка

А1он

Захарова: Зеленски одбива мир и е опседнат со продолжување на војната

А1он

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година