Захарова: Повикот на Европскиот Парламент за апсење на Мадуро е знак на лудило

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска оцени дека Европскиот Парламент (ЕП), кој повика на издавање налог за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, „покажува знаци на насилно лудило“.

„Европскиот Парламент стана олицетворение на колективното несвесно со знаци на насилно лудило. Опсесијата е да се прогонуваат оние кои не се дел од Европската унија“, напиша Захарова на каналот Телеграм, коментирајќи го повикот на Европскиот Парламент до Европската Унијата (ЕУ) да издаде налог за апсење на Мадуро за наводни злосторства против човештвото врз основа на грубо кршење на човековите права.

ЕП побара и лидерот на венецуелската опозиција Едмундо Гонзалес Урутија да биде признат за шеф на државата.

Би можело да ве интересира

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Захарова: Русија очекува да се исполнат договорите постигнати со САД во Ријад

Захарова: Режимот во Киев напаѓа и тероризира цивили

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Порака од Москва: Обидот за укинување на Српска ќе има сериозни последици

Горан Наумовски

Захарова: Нуклеарните технологии во рацете на Киев претставуваат закана за целиот свет