Захарова: Обвинувањата на Меј се неодговорни и неосновани

Од:

Обвинувањата на сметка на Русија со кои што излезе британската премиерка Тереза Меј се неодговорни и неосновани, смета портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа наведува дека списокот на тези против Русија не е нов, но главно нешто што ги обединува е што се неодговорно и неосновани. Според Захарова идејата за заштита на глобалниот поредок особено цинично звучи од устата на шефицата на британскиот кабинет.

Захарова потседува на акциите на Британија во Ирак и Либија кои доведоа до жртви и страдање на милиони луѓе и дестабилизација на целиот регион.

– Лондон покажува фундаментално неразбирање на процесите кои што се одвиваат во светот и суштината на тој меѓународно-правен поредок, заснован на ОН, кој Велика Британија се обидува да го заштити, нагласи Захарова.

Таа додава дека патот на конфронтации кои што избрал Лондон нема да помогне да се реализираат целите на Велика Британија.

Меј претходно ја критикуваше Русија дека се обидуваат информациите да ги претворат во оружје и дека се закануваат на меѓународниот поредок.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски