Захарова: Нуклеарните технологии во рацете на Киев претставуваат закана за целиот свет

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека нуклеарните технологии во рацете на Киев сериозно го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност и дека доказ за тоа е провокацијата во затворената нуклеарна централа во Чернобил.

„Провокацијата во централата во Чернобил потврдува дека нуклеарната технологија во рацете на криминалниот режим на Зеленски претставува сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност“, рече Захарова во изјавата објавена на веб-страницата на Министерството, пренесува РИА Новости.

Захарова претходно на прес-конференција истакна дека украинските претставници одат на Минхенската безбедносна конференција, која почна денеска, со различни „перформанси“, наведувајќи дека нападот на нуклеарната централа Чернобил, која е затворена и е подигнат заштитен ѕид околу нејзиниот оштетен реактор, е една таква провокација.

Би можело да ве интересира

Унгарија тврди дека Брисел и Киев формираат воена коалиција

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

Нов руски напад врз Киев, погодени неколку згради

Русија го нападна Киев со балистички ракети

ББЦ: Украинците се смрзнуваат, „животот во Киев е ужасен“

Москва: Путин ви порача заврши „балот на вампирите“

Горан Наумовски