Захарова: Новинарот собирал строго доверливи информации

Од:

Активностите поради кои беше приведен новинар во Екатеринбург не се поврзани со новинарството, напиша денеска на својот канал Телеграм портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Она што вработен во американското издание на Wall Street Journal го правеше во Екатеринбург немаше никаква врска со новинарството. За жал, ова не е првпат статусот на странски дописник, новинарска виза и акредитација, странските државјани во нашата земја да ги користат за прикривање на активности кои не се новинарство. Ова не е првиот познат западен поединец кој е фатен на дело“, нагласи Захарова.

Претходно денеска, Центарот за односи со јавноста на Федералната служба за безбедност изјави за Тас дека офицерите на ФСБ, под сомнение за шпионажа, уапсиле американски државјанин, Еван Гершкович (32), акредитиран во Министерството за надворешни работи, кој работи како дописник за Москва од канцеларијата на Wall Street Journal.

Според ФСБ, „утврдено е дека Гершковиќ, како агент на американската страна, собирал строго тајни податоци за активностите на компаниите на рускиот воено-индустриски комплекс“.

Би можело да ве интересира

Захарова: Нуклеарните технологии во рацете на Киев претставуваат закана за целиот свет

РИА Новости: Захарова ја обвини ЕУ за предавство на Украина

Горан Наумовски

Захарова му порача на Зеленски: Неонацистите во Курск ќе завршат два метри под земја

Москва не прифаќа привремен прекин на огнот во Украина

Горан Наумовски

Захарова: Главната задача на меѓународната заедница е да го спроведе договорот Хамас-Израел

Захарова: Зеленски да клекне пред својот народ и да се извини за злосторствата