Захарова: Иницијативата на Путин е универзален рецепт за решавање на конфликтот во Украина

Од:

Мировната иницијатива на рускиот претседател Владимир Путин ќе остане универзален и долгорочен рецепт за решавање на конфликтот во Украина, изјави за РИА Новости портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„Суштината на мировната иницијатива на претседателот на Русија беше повлекување на украинските вооружени сили од новите руски региони – Народна Република Доњецк (ДНР), Народна Република Луганска (ЛНР), Запорожје и Керсонска област, одбивањето на Киев да аплицира за Членството во НАТО, укинување на сите западни санкции кон Русија, обезбедување на правата на рускојазичното население на Украина“, потсети таа, одговарајќи на прашањето дали руските мировни предлози за Украина важат денеска.

Таа нагласи дека не може да стане збор за замрзнување на конфликтот за повторно вооружување на режимот во Киев, туку за негов конечен крај.

„Се разбира, мировната иницијатива на рускиот претседател ќе остане универзален и долгорочен рецепт за решавање на украинскиот конфликт, бидејќи содржи начин да се елиминираат неговите основни причини“, заклучи Захарова.

Би можело да ве интересира

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Захарова: Русија очекува да се исполнат договорите постигнати со САД во Ријад

Захарова: Режимот во Киев напаѓа и тероризира цивили

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Порака од Москва: Обидот за укинување на Српска ќе има сериозни последици

Горан Наумовски

Захарова: Нуклеарните технологии во рацете на Киев претставуваат закана за целиот свет