Захарова: Чекорите на Русија по влезот на Шведска во НАТО ќе зависат од Стокхолм

Од:

Чекорите на Русија по приемот на Шведска во НАТО ќе зависат од конкретните акции на Стокхолм во Алијансата, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Внимателно ќе следиме што (точно) Шведска ќе прави, како ќе го спроведе своето членство во пракса. Според тоа, ќе ја изградиме нашата политика за одговор, чекори за одговор од воено-техничка или друга природа со цел да спречиме појава на проблеми – рече Захарова на прес-конференција.

Во понеделникот унгарскиот Парламент го ратификуваше барањето на Шведска за влез во НАТО. При конечното гласање „за“ беа 188 пратеници, шест беа „против“, а четворица пратеници не гласаа.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија внимателно ги следи сите маневри на НАТО кои се дел од хибридната војна

Захарова: Киев продолжува отворено да објавува терористички напади врз Русија

Захарова: Русија се надева дека глобалниот југ нема да учествува во антируските акции

Захарова: Светот треба да го осуди нападот на Украина врз нуклеарната централа Запорожје

Русија: Американци, дали сте сигурни дека тоа беше ИСИЛ, нема да се премислите подоцна?

Захарова: Западот направи се за да ги наруши руските претседателски избори