Захарова: Русија се надева дека глобалниот југ нема да учествува во антируските акции

Од:

Русија се надева дека нејзините партнери во Азија, Африка и Латинска Америка нема да учествуваат во антируските иницијативи, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова во врска со одлуката на Швајцарија да одржи конференција на високо ниво за Украина.

„Се надеваме дека нашите партнери во Азија, Африка и Латинска Америка ќе бидат внимателни и ќе избегнат да бидат вовлечени во уште една антируска авантура“, истакна Захарова.

Таа нагласи дека учеството на земјите од глобалниот југ „е потребно за Запад само за да го зајакне колективниот ултиматум што ќе и биде упатен на Русија“, пренесува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија внимателно ги следи сите маневри на НАТО кои се дел од хибридната војна

Захарова: Киев продолжува отворено да објавува терористички напади врз Русија

Захарова: Светот треба да го осуди нападот на Украина врз нуклеарната централа Запорожје

Русија: Американци, дали сте сигурни дека тоа беше ИСИЛ, нема да се премислите подоцна?

Захарова: Западот направи се за да ги наруши руските претседателски избори

Марија Захарова: Ватикан доби шамар од ЕУ

Горан Наумовски