Загриженост за човековите права во Унгарија

Од:

Слободата на печатот и правата на малцинствата остануваат загрозени во Унгарија и покрај напредокот, тврди комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Мужниекс, во извештајот посветен на Унгарија, објавен денеска, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Нилс Мужниекс ја поздравува иницијативата на владата на Виктор Орбан за промени на законот за медиумите за да се засили борбата против говорот на омраза, како одговор на критиките од европските институции, но според него, тоа е е недоволно.

„Во практиката, едноставното постоење на некои одредби во унгарското законодавство имаат како ефект да ја парализираат слободата на печатот“ – вели Комесарот на СЕ. Тој притоа го наведува многу високото ниво на санкции кои можат да им бидат наметнати на медиумите, кои се движат до 650.000 евра на казни или суспензии, во случај на кршење на законот, од страна на еден несудски орган – Медиумскиот совет.

Фактот што членовите се избрани од Парламентот на овај совет, тоа според Мужниекс е проблематично, во една земја каде партијата Фидесњ од 2010 година располага со 2/3 од седиштата во Парламентот. Оваа ситуација поврзана со „проширените овластувања на Медиумскиот совет не може да биде гледана како независна од политичката власт“ – тврди тој.

Комесарот за човекови права на Советот на Европа во тој контекст вели дека е „загрижен од влошувањето на ситуацијата во однос на расизмот и нетрпеливоста, во Унгарија“, Ако „антиромското чувство“ е широко распространето, антисемитизмот останува присутен и се влошува со економската криза.

Нилс Мужниекс во својот извештај ја споменува инцијативата на Јоббик, партија која предложи во 2012 година да изработи листа на членови на владата кои се со еврејско потекло, подвлекувајќи го карактерот на сега широко распространетиот говор на расизам.

Комесарот на крајот исто така е загрижен поради „дискриминацијата“ од која се погодени најсиромашните, како законот кој забранува да се окупира јавен простор на лица без дом на главата.

„Реториката на стигматизација на Ромите, евреите, мигрантите и другите социјални групи се користи од политичките лидери, дури и во главните политички партии“ – жали Мужниекс и ги повикува властите на Унгарија да бидат „повнимателни и проактивни во борбата против сите злосторства и говори на омраза.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта