Загинати и повредени во експлозии на автомобил-бомби во Триполи

Од:

Најмалку две лица се убиени во експлозиите на три автомобили-бомби во близина на Министерството за внатрешни работи и зградата на безбедносните сили во либиската престолнина утринава, што претставува прв смртоносен напад по соборувањето на режимот на Моамер Гадафи минатата година.

Првата бомба експлодирала во близина на административната зграда на Министерството за внатрешни работи во Триполи без да предизвика жртви, пренесува бугарската агенција БТА. Полицајците кога пристигнале на местото на настанот откриле уште една автомобил-бомба, која не експлодирала.

Неколку минути подоцна две возила експлодирале во близина на поранешниот штаб на женската полициска академија. Зградата била користена од Министерството за одбрана за сослушувања и задржување. Оваа бомба уби две лица и рани други две лица.

Би можело да ве интересира

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“