Автобус со навивачи на чилеанскиот фудбалски клуб O’Higins паднал денес во бездна и при тоа загинаа 16 луѓе.
Спасувачите потврдија дека жртвите се на возраст меѓу 13 и 18 години, а меѓу нив е и едно бебе. Чилеанските медиуми објавија дека автобусот паднал во 150 метри длабока клисура во планинската област, 470 километри јужно од главниот град.
Се наведува дека автобусот немал сигурносни ремени на седиштата и дека бил наменет само за градска употреба. Навивачите на O’Higins се враќале од утакмица во националното првенство, во која нивниот тим како гостин го победи Huačipato со 2:0.