Загина првиот турски војник во офанзивата против курдските сили во Сирија

Од:

Првиот турски војник загина во борбите против курдските борци во Сирија, каде Анкара започна воена офанзива оваа недела, објави турското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти денеска дека војникот, „брат по оружје“, е убиен во вчерашните судири против „терористите“ од курдската Единица за заштита на народот во Сирија, во зоната на операцијата „Извор на мирот“.

Турција во средата започна воена офанзива против курдските борци во Сирија.

Советот за безбедност на ОН вчера на итен состанок не успеа да се усогласи за заедничката изјава во која се изразуваше „длабока загриженост“ и ја повикуваше Анкара да ја „запре“ офанзивата.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел