Бизнисменот Дејл Чејни (46) загинал кога паднал од 54 кат на зграда во Њујорк. Пред трагедијата тој престојувал во познат локал лоциран на истиот кат, а како што пренесуваат медиумите претходниот ден побарал развод од сопругата.
Ова се случи во средата, на 25 јануари, во 18:30 часот по локално време, а полицијата соопшти дека Дејл бил прогласен за мртов на местото на настанот, објави Дејли мејл.
Како што соопштија од полицијата, се проверува дали се работи за самоубиство, а претходно беше објавено дека Чејни и неговата сопруга имале две пријави за семејно насилство и дека главно се степале за финансии.
Се огласи и сопственикот на барот во кој последен пат престојуваше Чејни.
„Навистина сме уништени од ситуацијата што се случи вечерва на покривот на нашиот локал. Сите сме со семејството и пријателите на починатиот“, изјави сопственикот Том Бландел.
Тој додаде дека цело време соработуваат со полицијата.
Во 2013 година, Чејни ја основа компанијата Т-стрит капитал, која се занимава со капитални инвестиции и стратешки инквизиции, а исто така беше член на управен одбор и инвеститор во шест други компании во четири различни држави.
Инаку, ова е втор пат во последните четири месеци некој да скокне од покривот на иста зграда.