Јужна Кореја денеска соопшти дека одржала заедничка воена вежба со американскиот суперсоничен бомбардер од типот Б-1Б.
Портпаролот на јужнокорејското Министерство за одбрана, Мун Санг-ѓун изјави дека маневрите се одржани вчера, без да соопшти повеќе детали.
Претходно денеска севернокорејските медиуми објавија дека бомбардерот Б-1Б летал над Јужна Кореја со цел да изврши „вежба за фрлање на нуклеарна бомба“ на Корејскиот полуостров.