Зачестени напади во северен Ирак

Од:

Во поголем број напади во северен Ирак загинаа 12, а повредени се 21 лица, јавува новинската агенција Анадолија.

Според извори на локалната полиција, непознато лице, или повеќемина, ги убиле командантот на паравоените сили и членот од неговото обезбедување во градот Киркук.

Исто така, во експлозии во предградијата на Уруба и Вада загина едно, а повредени се 13 луѓе.

Во Киркук во текот на вечерните часови во понеделникот се случиле 12 експлозии. Безбедносните сили убија четири лица кои извршиле напад врз зградата на Курдската демократска партија (KDP). За време на нападот повреден е еден војник

Од друга страна, во експлозија во центарот на градот повреден е еден полицаец како и четворица цивили, додека пет членови на полициските сили беа убиени при деактивирање на една бомба.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак