Забраната од ајатолахот Хамнеи за нуклеарното оружје е задолжителнa

Од:

Религиозниот декрет на Али Хамнеи за забрана за нуклеарно оружје, е задолжителен за иранската Влада, соопшти денеска иранското МНР. Според нив, декретот би требало да стави крај на дебатите за тоа дали Техеран разработува атомско оружје.

– Западот треба да разбере колку е важен за Иран указот на ајатолахот Хамнеи, изјави портпаролот на Министерството, Рамин Мехманпараст. Тој нагласи дека „нема ништо повисоко и пообврзувачко од фатвата на врховниот лидер, што ја определува рамката на работите во нуклеарната област“.

– Кога врховниот лидер и авторитет во државата дава фатва, таа има задолжителен карактер за сите нас и ние треба да ја следиме, додаде портпаролот. Изјавата негова е дадена еден ден пред новиот круг преговори во Техеран со претставници на МААЕ за спорната нуклеарна програма на Иран.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он