Забрана за учество на сириските олимпијци на Игрите во Лондон

Од:

Официјален Дамаск се спротистави на одлуката со која им се забранува на спортистите од Сирија да учествуваат на Олимпијадата во Лондон.

Претседателот на сирискиот Олимпски комитет Мовафак Џома изјави синоќа дека Велика Британија нема никакво право да им го скрати учествотот на сириските олимпијци.

„Олимписката повелба не дозволува земјата-домаќин да им забранува на спортистите од една земја да настапат на Игрите“, изјави Џома.

Реакцијата доаѓа по изјавата на британскиот заменик премиер Ник Клег кој соопшти дека членовите на олимписката делегација од Сирија не ќе може да влезат во Велика Британија затоа што се „поврзани со режимот на Асад” дадена по масакрот во сирискиот град Хула.

Владата во Лондон веке одлучила да им го забрани влегувањето во Велика Британија на сите оние кои ги имаат повредено човековите права и таа забрана се однесува „без разлика дали станува за Олимпијадата или не”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија