За ситуацијата во Јемен ќе се бара решение на преговори во Ријад

Од:

Саудиска Арабија соопшти дека Советот за соработка во Заливот е согласен да биде домаќин на преговори во Ријад за изнаоѓање решение за кризата во Јемен.

Саудиска Арабија ги повикала државите до тој Совет по барање на јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хади, да организираат преговори во Ријад каде е седиштето на Организацијата.

Ситуацијата во Јемен, сосед на Саудиска Арабија е исклучително тешка заради силното присуство на Ал Каеда на негова територија. Јемен е зафатен од конфликт меѓу прозападниот претседател и Хусите, поддржани од Иран кои го држат под контрола главниот град Сана.

Минатиот месец Хади побегна од домашен притвор воведен од Хусите и замина во пристанишниот град Аден.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен